Skip to main content

Вечерва концерт на студентите во чест на нивната професорка Сара Пројковска

Студентите по корепетиција практика вечерва во 20 часот во концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ќе одржат концерт во чест на нивната професорка Сара Пројковска-Николовска, која почина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Денес навршува точно една година од немилиот настан во кој животот го изгубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Студентите ќе ја изведат Музика вива оп. 60 бр. 3.

Сара Пројковска-Николовска е родена на 30 декември 1977 година во Скопје. Нижото и средното музичко образование го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на одделот за пијано. Својата академска и професионална кариера ја продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што магистрираше, а потоа и работеше како вонреден професор на Катедрата за клавишни инструменти и харфа.

Поврзани вести