Skip to main content

Во нападите на Израел врз Либан загинаа 634 луѓе, од кои речиси сто биле деца

Во нападите на Израел врз Либан загинаа 634 лица, а 1.586 се ранети, објави денес либанското Министерство за јавно здравје.

Според дневниот извештај на Центарот за итни здравствени операции за развојот на израелската агресија врз Либан, во текот на изминатиот ден биле убиени 64 лица, а 142 биле ранети, објави државната агенција ННА.

Според податоците, од 2 март, кога Израел првпат го нападна Либан, убиени се 91 дете, а 275 се повредени. Исто така при нападите биле убиени 47 жени, а ранети се 301, додека убиени се 496 мажи, а ранети се 1.010.

Меѓу загинатите имало 15 здравствени работници, 45 биле повредени, а пет болници биле погодени со ракети додека седум амбулантни возила биле уништени.

Израелските напади врз Либан се интензивираа од 2 март, како одговор, како што соопштија израелските власти, на нападите со беспилотни летала и ракети што ги започна проиранската милитантна група Хезболах од Либан, пренесува Танјуг.

Поврзани вести