
„Српска демократска лига“ е новата партија во Македонија која наскоро ќе биде формирана. Зад неа стои познато лице-Саша Богдановиќ, поранешен градоначалник на Општина Центар и кадар на СДСМ. Откако и официјално си замина од СДСМ реши да формира партија за која тврди дека нема да бара гласови само од српската заедница туку од сите граѓани без разлика на националноста. Богдановиќ во интервјуто за „Република“ говори за новата партија, за разидувањето со СДСМ како за т.н српски свет во Македонија.

Најавивте фотрмирање на „Српска демократска лига. За што станува збор, дали ќе биде нова партија или еден поширок граѓански концепт, платформа.
Богдановиќ: „Српска демократска лига“ го земавме како континуитет, како партија која била основана 1908 година со тоа име и прв начин на делување на Србите во Македонија.Многумина ме прашуваат дали ќе биде само за луѓе од Српската етничка заедница во Македонија.Не таа ќе биде поширок концепт.Во поддршката се приклучија и луѓе кои не се Срби туки и од други националности. За нас како Срби најважна ни е културата, историјата, образованието, јазикот и економијата која нѐ засега сите.Тоа го гледаме преку поврзување во заеднички пазари, соработка на компании. Ќе бидеме спона за соработка на компании од Србија, политички претствници за да некои работи одат побрзо.Кога бев градоначалник успеавме да воведеме како изборен предмет Српски јазик и култура на Србите низ историјата за да можат децата да одлучат дали ќе го изучуваат како изборен предмет.

Убедени сте дека има простор за уште една партија на српската етничка заедница.
Богдановиќ: Ние не сакавме да влеземе во процесот на собирање на потписи додека не бидеме сигурни во тоа. Потписите ги собравме за две и пол недели од луѓе на кои не можеме да влијаеме, туку на доброволна база.
Свесни сте дека како мала партија ќе мора да коалицираат со некоја од поголемите партии.
Богдановиќ: Кога ќе ја направиме таа платформа ќе седнеме ќе разговараме со сите што не почитуваат. Ќе пружиме рака, но не по цена некој да не погазува и понижува. Ќе пружиме на оној што ќе не смета за релевантен фактор и ќе разговараме за конкретни решенија кои се за добро за сите граѓани. Граѓаните веќе не може да ги купувате со партиски вработувања, туку, тие сакаат конкретна програма и резултати и понуда. Мислам дека имаме квалитетни луѓе и тоа ќе го докажеме
Расчистивте конечно со СДСМ
Богдановиќ: Неколку месеци пред изборите излегов од СДСМ.Бев член од 17.5 2003 година кога наполнив 18 години и по повеќе од 20 години видов дека тоа во што јас верував како идеологија веќе не постои и во писмена форма поднесов барање да ме избришат од членство.

Има ли во СДСМ „србофобија“?
Богдановиќ: Тоа го наведов во оставката.Тие етикетираа цело време на српската заедница, напаѓаа телевизии, политичари, новинари, активисти… ги етикетираа како да им ставаат жолта лента како во Втората светска војна. Јавноста ја насочуваа против тие луѓе.
Зошто во СДСМ се толку опседнати со Србија и со Вучиќ?
Богдановиќ: СДСМ веќе стана инструмент на некого за да преку партијата се пресметуваат со Србите. Велат ние реагираме само на актуелното раководство но тоа раководство добило голема поддршка од граѓаните на Србија поради тие политики. Почнаа да етикетираат приватни фирми, телевизии и тоа веќе навлегува во некоја пресметка. Мислев ќе се опаметат и ќе дојде некој нормален да каже застанете. Имало реакција на последниот Конгрес да престанат нападите бидејќи и прават штета на партијата, но гледаме дека тоа не застанува.

Како гледате на нападите на СДСМ кон одредени новинари?
Богдановиќ: Влегуваат во уште поголема грешка и си создаваат дополнителни непријатели, а веќе имаат многу. Тоа се одрази и на парламентарните и на локалните избори. Тоа не е здраво за државата и самите се водат во пропаст, а за тоа не сум виновен јас ниту вие.
Зошто меѓу македонските граѓани постои се поголем интерес за вадење српски пасош?
Богдановиќ: Постои интерес од двете страни од економски причини. Некои вадат за да работат, некои за спорт, култура. Има и примери кои се дојдени од Србија за работа или се ожениле.
Ова е само дел од она што разговаравме со Богдановиќ – целиот разговор погледнете го во видео-интервјуто
Разговараше: Игор Чавески

Македонски

