
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со Советот на странски инвеститори.
На состанокот во Стопанската комора ќе се разгледуваат актуелни економски теми, а се очекува да стане збор и за можностите за унапредување на економската соработка, подобрувања на бизнис климата, зголемување на конкурентноста и привлекување нови странски инвестиции.

Македонски

