Skip to main content

Мистерија во Скопје: 25-годишник пријавил сообраќајка, завршил со прострелна рана

Во 15:13 часот вчера во СВР Скопје било пријавено од Општата градска болница „Св. Наум Охридски“ дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ. (25) од Албанија.

Според пријавеното, младиот човек изјавил дека се здобил со повредите во сообраќајна несреќа што се случила пред неколку дена. Сепак, по извршените лекарски прегледи било утврдено дека станува збор за прострелна рана.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести