Skip to main content

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на гајдата

На 10 март со почеток во 18:30 часот, во Скопје Сити Мол ќе се одржи музички перформанс по повод Меѓународниот ден на гајдата.

Настанот го организира Ансамбл „Стефче Стојковски“, кој веќе неколку години активно работи на промоција на македонската гајда и зачувување на традиционалниот начин на изведба на народните мелодии и песни.

Во програмата ќе настапат гајдаџии од Македонија, а ќе бидат придружувани од играорната група на Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“ – Скопје. Публиката ќе има можност да ужива во автентични изведби што ја спојуваат музиката и фолклорниот танц во едно целосно традиционално искуство.

Македонската гајда во 2024 година беше впишана во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, што претставува значајно меѓународно признание за овој традиционален инструмент. Во декември 2025 година, Стефче Стојковски го организираше и првото издание на „Гласот на гајдата – Меѓународен фестивал на гајдата во Скопје“, со што дополнително се зацврсти позицијата на гајдата во културниот живот.

Целта на иницијативата е да се поттикне интересот кај младите за изучување на овој древен инструмент и да се обезбеди продолжување на неговата повеќевековна традиција.

На настанот ќе настапат Стефче Стојковски и Теодор Стојковски-Катин, Горан Ангелов и Александар Ангелов, Ратко Златановски и Филип Златановски, Вилијам Михајловски, Душан Томовски, Андреј Трајковски, Сашко Митев и Филип Василевски.

Поврзани вести