Skip to main content

Државната нафтена компанија на Бахреин ги запре испораките на нафта

Фрипик

Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила и ги запре испораките на нафта откако Иран ја запали нејзината рафинерија во напад.

Најавата за вишата сила, правен механизам што ја ослободува компанијата од договорни обврски поради вонредни околности, ја пренесеоа медиумите во Бахреин.

Во соопштението се вели дека работењето на компанијата е „засегнато од тековниот регионален конфликт на Блискиот Исток и неодамнешниот напад врз нејзиниот рафинериски комплекс“.

И покрај ова, компанијата инсистира дека домашната побарувачка сè уште може да се задоволи.

Бахреин, исто така, го обвини Иран за оштетување на една од неговите постројки за десалинизација, иако државната Управа за електрична енергија и вода соопшти дека снабдувањето со вода и електрична енергија останува стабилно.

Поврзани вести