
На 8 март, по повод Меѓународниот ден на жената, мрежата на Europe House, #TeamEurope и Делегацијата на Европската Унија ја започнуваат иницијативата „Носи ја промената” (Wear the Change) — серија настани што ќе се одвиваат низ целата земја до крајот на 2026. Затоа што борбата за женски права не е само еден ден во годината!
Во духот на предизвикувачките илустрации на RukiChuki, гласно прашуваме: Кој ја плаќа сметката за нееднаквоста? Женското здравје е основно право или привилегија? Зарем мајчинството и грижата се неплатена работа 24/7? Кога конечно наместо системски лавиринти ќе добиеме институционална заштита?
Да зборуваме за родовата еднаквост преку уметност, дијалог и идеи што можат да поттикнат вистинска промена!
Носи ја промената! Биди промена!

Македонски

