
Унгарсиот премиер Виктор Орбан, порача дека Унгарија ќе одлучи што да прави со парите запленети од украинските блиндирани возила кошто пренесуваа милиони евра и долари во кеш, како и злато, од Австрија за Украина.
Запленетите пари засега ќе останат во Унгарија додека не се разјасни нивното потекло и сопственост“, изјави Орбан.

Седумте украински државјани, меѓу кои има и поранешен генерал на украинското разузнавање, се приведени поради вмешаност во шема за перење пари.
Унгарските власти претходно соопштија дека седум украински државјани се уапсени под сомнение за перење пари. Тие транспортирале околу 40 милиони долари, 35 милиони евра и девет килограми злато од Австрија во Украина.


Македонски

