Skip to main content
На Израелците им ја издал локацијата на ајатолахот Хамнеи

Генерал на Иранската гарда, кој бил шпион на Мосад, погубен во живо на телевизија

Генерал на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) по име Каани е погубен во Иран, а неговата егзекуција била пренесувана во живо на телевиија.

За генералот е утврдено дека бил врвен агент на израелската тајна служба Мосад, кој успеал да ги предводи силите Кудс, една од најспособните единици на ИРГЦ, по атентатот врз генералот Касем Сулејмани во 2020 година.

Според информациите од Иран, кинеските служби помогнале да се идентификува шпионот, обезбедувајќи неоспорни докази за неговото предавство. Тој е човекот кој на Израелците им ја јавил локацијата на ајатолахот Али Хамнеи пред врховниот лидер на Иран да загине во воздушен напад.

Неговата егзекуција беше извршена со тоа што му било дозволено да изврши самоубиство, а пред тоа јавно во телевизискиот пренос се покаја и се извини пред иранскиот народ.

Септември 2024: Хамнеи го напуштил тајниот совет на Хезболах во Бејрут пред да заврши средбата. Неколку минути подоцна, бункерот е уништен, заедно солидерот на Хњезболах Хасан Насралах и други команданти.

Јуни 2025: Брзо го напуштил седиштето на ИРГЦ. Веднаш потоа, израелски напад ја погодува канцеларијата, убивајќи многумина.

Февруари 2026: Тој избегал од резиденцијата на ајатолахот непосредно пред нападот.

Поврзани вести