Skip to main content

По повод Меѓународниот ден на жената, Амбасадата на Италија во Скопје организира проекција на документарниот филм „Ni Primera Ni Dama – The Last First Lady“ (2025) на италијанската режисерка Barbara Cupisti

По повод Меѓународниот ден на жената, Амбасадата на Италија во Скопје организира специјална вечер посветена на трансформативната моќ на женското лидерство, на која ќе се прикажува документарниот филм „Ni Primera Ni Dama – The Last First Lady“ (2025) на италијанската режисерка Barbara Cupisti.

Овој впечатлив и актуелен филм го истражува односот меѓу родот, моќта и демократијата преку искуството на Ирина Караманос, антрополог и политичка активистка, поранешна партнерка на чилеанскиот претседател Габриел Бориц.

Во 2022 година, на само 32 години, Ирина прави симболичен и револуционерен чекор: ја доведува во прашање а потоа и ја укинува традиционалната државна функција и улога на „Прва дама“, отворајќи прашање зошто жените сè уште треба да ја претставуваат моќта преку мандатот на некој друг. Личен чин што предизвика меѓународна дебата за застапеноста, родовата еднаквост и обновувањето на демократската култура.

🎬 Проекција на „Ниту прва, ниту дама“ (Ni Primera Ni Dama – The Last First Lady)

(Италија / Чиле, 2025 – 90 минути)
Режија: Barbara Cupisti

📅 6 март 2026
🕗 20:00 часот
📍Кинотека на Република Македонија

Слободен влез.

Филмот ќе се прикажува со превод на англиски и македонски јазик.

🎥 Содржина

Кога една млада жена ја отфрла функцијата на „Прва дама“, таа го претвора личниот избор во политичка револуција — редефинирајќи ги моќта, родот и слободата.

Во време кога политиката честопати се чини далечна, а разочараноста е се’ поприсутна, новата генерација лидерки ги преиспитува и преобликува правилата на јавниот живот со храброст и имагинација. Преку интимното и политичко патување на Ирина, филмот покажува како младите жени блиску до моќта ја трансформираат политиката и моќта — не како нешто што треба да се наследи, туку како нешто што се создава одново.

Ве очекуваме на 6 март во Кинотека за вечер исполнета со филм и контемплација, посветена на силата и исклучителноста на жените и нивната суштинска улога во создавањето промени.

Поврзани вести