
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола ноќеска во победата од 4:2 над Орландо Сити во регуларната сезона на МЛС.
На овој натпревар, Аргентинецот го постигна својот 70-ти гол во кариерата слободен удар и се израмни со трикратниот освојувач на Светското првенство, Пеле. Тие сега го делат второто место во историјата на фудбалот по најмногу голови од слободни удари. Бразилецот Жунињо Пернамбукано останува лидер на сите времиња со 77.

Македонски

