Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ, денеска рече дека партијата нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ за кои во петок треба да расправа Собранието.
Не се потребни нови етнички поделби, е ставот на СДСМ за ова прашање.
Кузеска истакна дека тоа е одлука на Извршниот одбор на партијата.
Нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ. Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани, а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе го усогласи настапот на седницата – соопшти Кузеска.