Skip to main content

Се тресе имотот на семејството Ѓукановиќ

Црногорската полиција врши претрес на имотот во центарот на Подгорица на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател Мило. Во истата зграда е сместена и филијалата на Прва банка, чиј сопственик е Ацо Ѓукановиќ.

Ацо Ѓукановиќ се смета за еден од најбогатите луѓе во Црна Гора. На крајот на 2006 година, тој ги купи акциите на Никшиќка банка, која една година подоцна ја преименува во Прва банка. Неговото богатството се проценува на повеќе стотина милиони евра. Прва банка е само една од поранешните државни фирми, чиј сопственик е Ацо, а приватизацијата ја спроведуваше неговиот брат Мило.

Според медиумите, Ацо Ѓукановиќ по изборите во 2020 година се пресели во Луксембург. 

Поврзани вести