
Првата дама на САД, Меланија Трамп, во понеделник, на 2 март, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, кога САД официјално ќе го преземат едномесечното ротирачко претседателство со ова тело на светската организација, соопшти денеска Белата куќа.
Меланија Трамп на состанокот ќе го нагласи образованието како начин за промовирање на толеранцијата и светскиот мир,нагласуваат од Белата куќа.
Тоа ќе биде прв пат прва дама на САД да претседава со телото од 15 члена, објави денеска канцеларијата на сопругата на американскиот претседател во соопштение.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, е гласен критичар на Обединетите нации уште од својот прв мандат во Белата куќа, велејќи дека светската организација со 198 члена е неефикасна и ѝ се потребни реформи.
Меѓутоа, тој зазеде попомирувачки став на минатонеделниот состанок на неговиот Одбор за мир, иницијатива за која рече дека има за цел да ги реши светските конфликти, но која многу светски лидери ја отфрлија поради загриженоста дека има за цел да ги замени ОН.
Одборот за мир речиси сигурно ќе ги следи Обединетите нации и ќе се погрижи тие да функционираат правилно, рече Трамп на 19 февруари.
Ќе ги зајакнеме Обединетите нации. Ќе се погрижиме нивната инфраструктура да биде добра. Ќе им помогнеме финансиски и ќе гарантираме дека Обединетите нации ќе бидат одржливи,додаде претседателот Трамп во својата изјава за првата седница на Одбор за мир, на 19 февруари во Вашингтон.

Македонски



