Skip to main content
I1jigtO2QHM

Објавени нови снимки од серискиот убиец од Старо Нагоричане: На Тик-ток се снимал секој ден, се фалел со пари наредени на маса

Телма дојде до профилот на осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, Кумановско, на социјалната мрежа ТикТок, каде тој бил релативно активен и споделувал содржини од својот секојдневен живот.

Од снимките и видеата што се објавени, може да се потврдат претходните информации објавени од Телма: станува збор за 25-годишник со крупна телесна градба, кој работел со чување овци и живеел во Драгоманце.

На неговиот профил се прикажуваат и детали од приватниот живот, вклучувајќи видеа каде се гледаат мајката и очувот со кои живеел, како и заедничка фотографија со останатите членови на семејството, односно децата на очувот.

Овие снимки дополнително ја разјаснуваат неговата социјална и семејна средина, прикажувајќи дел од неговиот живот пред да стане познат по серијата на криминални дела.

Поврзани вести