Skip to main content

Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија

Владата на Велика Британија денеска воведе нов голем пакет санкции кон Русија.

Санкциите се насочени кон енергетскиот и воениот сектор на Русија, со што се опфатени 300 организации, бродови и физички лица.

Санкции се воведени и кон компанијата „Транснефт“ преку која се извезува над 80 проценти од руската нафта.

Велика Британија наведе дека санкциите имаат за цел да го оневозможат финансирањето и вооружувањето на руската армија.

Поврзани вести