Skip to main content

Минчев: Да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ја истакнуваме важноста на јазикот како суштински дел од нашиот идентитет, култура и духовно наследство. Мајчиниот јазик е првиот глас што го слушаме, првата мисла што ја оформуваме и темелот врз кој го градиме нашето знаење, стои во честитка на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

-Како што рекол Блаже Конески, човекот чија татковина беше македонскиот јазик, јазикот е нашата духовна куќа и најсигурно прибежиште. Неговата мисла не обврзува да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет, а истовремено да ги почитуваме сите други јазици што се зборуваат во нашето општество. Јазичната разновидност е богатство што не зближува и не прави посилни како заедница, нагласи министерот Минчев.

Тој упати искрени честитки до сите граѓани, со повик да го чуваме мајчиниот јазик со одговорност и гордост, како темел на нашата култура и меѓусебна почит.