Skip to main content
Конференциска лига на УЕФА

Минимален пораз на Шкендија од Самсунспор

Фудбалерите на Шкендија препрпеа минимален пораз на првиот натпревар од 1/16 финале од УЕФА Конференциската лига со 1:0 од турската екипа Самсунспор. Гостите од Турција и на дуелот во Скопје важеа за фаворити, а таа улога ја потврдија и на теренот. 

Првата шанса за водство Самсунспор ја пропушти во 7 минута кога еден од нивните најдобри играчи Шериф Ндијае не реализираше пенал, односно го промаши целиот гол.

Единствениот гол го постигна Мариус Муандилмаџи во 77.минута, откако пет минути претходно го замени Ндијае.

Реванш дуелот се игра на 26.февруари во Самсун со почеток во 18:45 часот. 

Поврзани вести