Skip to main content

ЗНМ одбележа 80 години постоење и ги додели годишните награди

ФБ профил на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на свеченост во Националната опера и балет одбележа 80 години постоење и ја додели годишната награда за истражувачко новинарство

Наградата ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Наградата за животно дело ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот Роберт Атанасовски.

Здружението на новинари додели и признанија на Владо Апостолов од БИРН, а наградата за известување на локално ниво ја доби новинарката Анета Блажевска.

На свеченоста, покрај бројните новинари, присуствуваа и амбасадори, претставници на политички партии, како и министри.

Поврзани вести