Skip to main content
OWEuA8v4lbY

Мурињо доби црвен картон, нема да „игра“ на реваншот

 Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го коментираше неговото исклучување и постапките на судијата за време на синоќешниот натпревар со Реал Мадрид во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.

Гостите од Шпанија победија со 1:0.

На прашање на новинарите: „Дали бевте исклучен затоа што протестиравте против тоа што Винисиус не доби втор жолт картон?“, Мурињо одговори:

Не… не… Бев исклучен затоа што го кажав очигледното: судијата имаше белешка на која пишуваше дека Чуамени, Карерас и Хаисе не можат да добијат жолт картон и тој не сакаше да ги предупреди Карерас и Чуамени. Му го кажав тоа на судијата. Досега сум на аут-линијата 1.400 натпревари и тој многу добро знае кого може да предупреди, а кого не. Сите знаеме како стојат работите“, го цитира Мурињо „YSscores“. 

Сепак Мурињо го призна поразот.

Реал заслужи да победи. Беше подобар. Во реваншот нема да можам да бидам на клупата, да одам во соблекувалната или да комуницирам со тимот, и ќе биде тешко, но имам колеги и асистенти, и тие ќе си ја завршат работата.

Реваншот ќе се игра во Мадрид на 25 февруари. 

Поврзани вести