
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил во скопската населба Драчево, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила вчера околу 17 часот.
„Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонски



