Skip to main content

Србија парализирана од снежно невреме

Снегот што ја зафати Србија предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во повеќе региони. На одредени делници има судири, заглавени камиони, паднати дрвја и одрони, додека видливоста е значително намалена.

Во текот на ноќта наврнале околу 20 сантиметри снег на подрачјето на Чајетина, Ужице и Бајина Башта во Србија, а сите расположливи екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата според приоритети, објави „Србијан тајмс“.

– Снегот на Златибор паѓа од полноќ. Во моментов на терен се 18 камиони и четири грејдери. Забрането е движење за шлепери. Патиштата од прв приоритет ги одржуваме проодни – изјавија од „Патишта Ужице“.

Поради снежните врнежи, сообраќајот се одвива отежнато, па на возачите им се советува зголемена внимателност.

– Се разбира, без зимска опрема да не се тргнува на пат. Снегот е влажен и лизгав. Важно е да се држи растојание и да не се прават нагли промени на брзината и насоката на движење – велат од „Патишта Ужице“.

Поврзани вести