Skip to main content

Бил на станица чекајќи го трамвајот што ќе го убие: Ова е 23-годишното момче прегазено во Сараево

Обвинителството во Сараево ја продолжи истрагата за околностите под кои еден ден претходно се случи тешката сообраќајна несреќа, кога трамвај излета од шините во центарот на градот, при што загина едно лице, а четири лица беа повредени, од кои едно потешко.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај во врска со кривичното дело загрозување на јавниот сообраќај, А.К. (1978), возач на трамвај, беше лишен од слобода, се вели во соопштението за јавноста на МВР на Општина Сараево.

Медиумите претходно објавија дека возачот на трамвајот по несреќата веднаш бил префрлен во Психијатриската клиника.

Таму, наводно, изјавил дека не се сеќава на ништо.

Обвинителството објави дека нема да даде никакви информации додека не заврши истрагата, вклучително и вештачењето на уништениот трамвај, кој беше отстранет од шините дури вчера вечерта. Од снимката од моментот на несреќата што се појави на социјалните мрежи, а е направена од автомобил што минува, јасно се гледа како трамвајот влегол во кривината со голема брзина, иако на тоа место има ограничување од 10 километри на час за трамваи.

Првите проценки се дека големата брзина, но и лошата состојба на стариот трамвај го довела да излезе од шините, и потоа пробивајќи ја заштитната ограда да заврши на прометниот пат.

По полициската истрага, беше потврдено дека лицето кое беше згмечено од трамвајот всушност бил 23-годишен млад човек. Во моментот на несреќата, тој се нашол на станицата чекајќи го трамвајот што ќе го убие.

Се работи за Ердоан Моранкиќ, кој, како што пишуваат тамошните медиуми, е син на Арман Моранкиќ, познат музичар од Брчко и минатогодишен финалист во емисијата „Никогаш не е доцна“.

Ердоан Моранкиќ од Брчко, студирал ликовни уметности во Сараево.

Колегите го опишуваат како талентиран млад уметник кој ја имаше првата изложба на своите дела во Сараево во март 2025 година.

Поврзани вести