
Седумдесет и двегодишна жена е тешко повредена во несреќа што се случила вчера напладне на улицата Св. Кирил и Методиј во центарот на Скопје.
Според информациите од полицијата, жената паднала при излегување од автобус „мерцедес“, по што возилото ѝ ја прегазило ногата. Автобусот го управувал 56-годишен скопјанец.
Повредената веднаш била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и ги утврдува околностите под кои се случила несреќата.

Македонски



