
Возач од Скопје вчера попладне прегазил жена на улица и побегнал, но подоцна е пронајден од полицијата и приведен на службен разговор, информира МВР.
На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, се вели во информацијата од МВР.
По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонски



