Skip to main content

Нов тежок пад за легендарната Линдзи Вон

Andreas from Pixabay

Легендарната американска скијачка, Линдзи Вон, на неславен начин ја завршува својата олимписка кариера, откако доживеа сериозен пад на трката во Кортина и мораше со хеликоптер да биде пренесена во болница.

Вон имаше повреда која ја мачеше извесно време, но реши да настапи за последен пат на олимписките собири, каде овој пат доживеа голем пех и предвреме го завршува својот настап во Милано и Кортина.

Незгодниот пад веројатно доведе до посериозна повреда, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Поврзани вести