Skip to main content

Атлетскиот клуб Олимп од Битола потпиша со 15 македонски репрезентативци

АК Олимп

Атлетскиот клуб Олимп од Битола ја доведе скоро цела македонската репрезентација во своите редови, јасно наметнувајќи ја улогата на лидер на атлетскиот спорт во земјата.

Нови членови на АК Олимп се: Адријана Поп Арсова, Ирма Хајдари, Марина Домазетовска, Ана Шикоска, Димитар Петровски, Леонид Вандевски, Бојан Чаприќ, Григоријан Никовски, Максим Пауер, Никола Десковски, Блаже Игњатовски, Андреј Андовски, Игор Стојановски, Насе Епов, Матеа Матеска и Теа Божиновска.

Тренер на новиот бран атлетичари ќе биде Димитар Петровски

Претседателот на клубот, Никола Димитровски, го претстави проектот кој ќе ја промени иднината на клубот.

Со трансферите што ќе ги чуете денес, со тренерскиот кадар и со поддршката што ја имаме од градот, Олимп гради најсилна постава што клубот некогаш ја имал. И ова не е само краткорочен потег. Ова е нова историја“, рече Димитровски.

Сонот за Битола – спортски град веќе е реалност. Градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на советот, Бојан Бојковски, дадоа безрезервна поддршка за новиот почеток на АК Олимп.

Битола отсекогаш знаела да препознае кога нешто е сериозно. Денес гледаме сериозен клуб, сериозна визија и сериозен тим. Сакам јавно да потврдам: проектот за изградба на тартан патека на градскиот стадион е одобрен. Ова не е никаква најава – ова е процес што веќе започнува. Со тоа, Битола не само што ќе го поддржи АК Олимп, туку ќе испрати порака дека сака да биде град на спорт, резултати и млади таленти“, истакна градоначалникот Коњановски.

АК Олимп е основан во 1960 година и претставува еден од најстарите и најтрофејни македонски атлетски клубови. 

Поврзани вести