Skip to main content
Зимски олимписки игри 2026

Му исполнив сон: Италијанецот Францони го посвети сребрениот медал на својот пријател кој загина на тренинг

Facebook / MilanoCortina2026

Италијанскиот алпски скијач Џовани Францони го посвети сребрениот медал што го освои на Олимписките игри во 2026 година на својот покоен пријател Матео Францозо.

Матео почина во септември 2025 година на 25-годишна возраст. Трагедијата се случи за време на тренинг на спуст патека во Чиле. Тој се удри челно во ветробранска брана, претрпувајќи тешки трауматолошки повреди.

Му исполнив сон. Му го посветувам овој медал“, рече Францони откако го освои среброто во спуст.

Зимските олимписки игри се одржуваат од 6 до 22 февруари во Милано и Кортина д’Ампецо. 

Поврзани вести