
Православните верници денеска, 7 февруари, го празнуваат споменот на еден од најголемите отци на Црквата, Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски. Човекот чиј ум допрел до најдлабоките тајни на Светата Троица, останува запаметен како симбол на интелектуалната сила и христијанската понизност.
Од атинските школи до цариградскиот престол
Роден во Назијанз, во семејство на Елин и побожна христијанка (света Нона), Григориј се школувал во Атина заедно со својот верен пријател Василиј Велики. Уште тогаш, со својата видовитост, му прорекол на соученикот Јулијан Отстапник дека ќе стане гонител на христијаните.
Иако бил поставен за архиепископ во Цариград од царот Теодосиј Велики, неговиот пат бил трнлив. Кога се појавиле сомнежи и расправии околу неговиот избор, тој покажал невидена големина, изјавувајќи: „Не можат да нè лишат од Бога оние кои нè лишат од престолот“, по што се повлекол во мир и молитва до својата смрт во 390 година.
Според народни верувања и преданието (познато како Григориј Пролетник), овој ден се смета за пресвртница. Еве ги клучните обичаи и забрани:
Што НЕ треба да се прави:
Според верувањата, на овој ден е строго забрането да се фалите со своите успеси или добри дела. Се верува дека ако се фалите, среќата ќе ви сврти грб.
Не смеете да кажете ништо лошо или да навредите некого. На овој ден, „зборот има тежина на камен“ – сè што ќе кажете, лошо или добро, ви се враќа двојно.
Нашите претци верувале дека ако на овој ден се потсрижува коса или се сечат нокти носи несреќа на патот кон пролетта.
Како и за секој голем празник, тешката работа во поле или дома треба да се одложи за да се посвети време на духовната чистина.
На денешниот ден треба да се прават добри дела во тајност. Се верува дека добрите дела направени на 7 февруари ќе ви го спасат „образoт“ пред Бога, но само ако никој не дознае за нив.
Се верува дека трговците на овој ден треба да поделат милостина или дел од својата стока на сиромашните за успех во текот на годината.
Постои народно предание – какво е времето до пладне, таква ќе биде првата половина на следната зима.
Свети Григориј е заштитник на сите што се занимаваат со наука, теологија и пишување. Неговата глава денес се чува во Успенскиот собор во Москва, каде илјадници верници му оддаваат почит на неговиот брилијантен ум кој ја одбрани верата од ересите.

Македонски



