
Сара Шлепер и Ласе Гаксиола се двајца од мексиканските претставници во алпско скијање на Зимските олимписки игри 2026. Интересно кај нив е што тие се мајка и син. Двајцата спортисти ги следат стапките на грузиската стрелачка Нино Салуквадзе и нејзиниот син Цотне Мачавариани, кои беа првите мајка и син што истовремено се натпреваруваа на едни Олимписки игри. Тоа беше во Рио 2016. Десет години подоцна, историјата се повторува во Милано-Кортина со Мексиканката родена во Америка и нејзиниот син.

За Шлепер (46), ова ќе бидат седми Олимписки игри откако дебитираше во 1998 година под американското знаме. Победничка на слаломот Ленцерхајде од Светскиот куп, го имаше својот најдобар пласман во салалом на Светското првенство во 2005 година.
Таа објави дека се пензионира непосредно пред да настапи во нејзината поселдна трка од Светскиот куп на 29 декември, 2011 во Линц, Австрија. Како збогување од скијањето, таа ја извозе патеката држејќи го својот син Ласе, тогаш четиригодишен, во раце.

Мајка ми ме научи сè што знам за скијањето, а одењето на Игрите со неа е многу посебно за мене бидејќи е мој ред да вратам дел од она што таа ме научи“, изјави Ласе за Си-Ен-Ен.
Мажена за Мексиканец, таа доби двојно државјанство во 2014 година и одлучи да се врати на елитното натпреварување за да учествува на Игрите во Пјонгчанг 2018, Пекинг 2022, а сега и во Милано-Кортина.
За мене, заедничкото натпреварување на овие Игри е како да се затвори круг. Мојот син се плаши да го претставува Мексико затоа што ме гледа и мисли дека не е на исто ниво, но верувам дека оваа можност ќе го исполни со самодоверба. Сакам да го видам мојот син како скија по патеките и да ужива во трката“, вели Шлепер, која ќе се натпреварува во слалом и велеслалом.

Македонски



