Skip to main content

Кина го создава првото микробраново оружје способно да ги нарушува сателитите во ниска орбита

Кинеските научници го создадоа првото микробраново оружје во светот од 20 гигавати.

Како што објави „Саут Чајна Морнинг Пост“, Кина развила компактен микробранов систем, TПГ1000Цс, способен да работи до 60 секунди и да испорачува импулси до 20 гигавати.

Системот, долг околу четири метри и тежок пет тони, може да се монтира на камиони, бродови, авиони и потенцијално да биде лансиран и инсталиран во вселената.

Експертите проценуваат дека овој систем има потенцијал да ги наруши или оштети сателитите во ниска орбита, вклучувајќи го и Стралинк.

Поврзани вести