
Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата Б на Европското првенство 2026 заедно со Норвешка, Романија и Швајцарија, одлучи жрепката одржана во Катовице.
За македонските ракометарки ова ќе биде деветти настап на континенталниот турнир, а трет во низа.
Европското првенство 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември.
Европската ракометна федерација организацијата им ја додели на Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Македонски


