Skip to main content

Укината забраната за камиони на патот Гостивар – Стража

Од 20:20 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража е укината, по неполн час откако беше воведена вечерва на овој планински превој во двете насоки. Од 19.40 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец с.Шипковица-Попова Шапка што беше воведена утрово од 9:20 часот поради врнежи од снег, соопшти АМСМ.

ЈП Македонија пат информира дека врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека, Буково, Плетвар и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица, Делчево и Смојмирово. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со  остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

Поврзани вести