Skip to main content

Kaкво полуфинале во Австралија: Ѓоковиќ-Синер

– Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен во 2026 година.

Во четвртфиналниот натпревар, Италијанецот денес го победи Американецот Бен Шелтон во три сета – 6:3, 6:4 и 6:4.

Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Синер сервираше пет аса, направи две двојни грешки и реализираше три од 12 брејк топки. Шелтон сервираше осум аса, имаше три двојни грешки и не успеа да реализира ниту една од четирите брејк топки.

Во полуфиналето на Австралија Опен, Италијанецот ќе се соочи со 24-кратниот шампион на Гренд слем, Новак Ѓоковиќ од Србија.

Другата полуфинална двојка на Грен слемот во Мелбурн ја сочинуваат Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија).

Поврзани вести