
Триесетгодишна жена од Кавадарци била приведена утринава откако со остар предмет му нанела повреди на својот 43-годишен сопруг, соопштија од СВР – Велес.
Инцидентот се случил во семејниот дом по вербална расправија. Полициските службеници интервенирале околу 6:30 часот, при што предметот со кој било извршено делото бил пронајден и одземен.
При контролата, кај жената биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање, против неа ќе следува соодветен поднесок.

Македонски




