
Вечерва (24 јануари) во Кинотеката на Македонија завршува специјалната програма НАЈДОБРОТО ОД КИНЕНОВА.
Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА, првиот филм на победникот на последното издание на БЕРЛИНАЛЕТО, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни Палестински филмови и многу други сеуште актуелни филмови за кои публиката бараше репризни прикажувања.
24 јануари (сабота)
18:00 часот – СРЕЌЕН на Сандеп Кумар / Австрија / 2025 / 110мин. HAPPY by Sandeep Kumar / Austria / 2025 / 110min. СРЕЌЕН на Сандеп Кумар / Австрија / 2025 / 110мин. Синопсис Дејството се случува во Австрија и раскажува приказна за непријавен индиски мигрант, кој се бори со последиците од известувањето за депортација, за да пронајде среќа во животот за себе и за својата ќерка. Филмот повлекува паралела и ја разоткрива истата желба за среќа кај оние што ги среќава, а кои се чини дека имаат сè.
20:00 часот – ПАНОПТИКОН на Ѓорѓи Сикарулиѕе / Грузија, Франција, Италија / 2024 / 95мин. PANOPTICON by George Sikharulidze / Georgia, France, Italy / 2024 / 95min. ПАНОПТИКОН на Георге Сикарулидзе / Грузија/Франција/Италија/Романија / 95мин. Улоги: Дата Шакуа, Малказ Абуладзе, Ија Сукиташвили, Вако Кеделадзе Синопсис Откако татко му го напушта за да стане православен монах, Сандро се бори да ја усогласи својата должност кон Бога и неговата пробудена сексуалност, што се манифестира на неконтролирани начини и го води кон сомнително однесување, додека бара смисла и припадност во турбулентното општество на постсоветска Грузија. Приказната не е важна само за грузиското општество денес, туку е релевантна и за многу други земји во моментов. Силни струи на национализам, фашизам и верска нетолеранција кон сè што е различно се појавија на многу места, а сепак имаме тенденција да заборавиме дека најголемите ефекти од ваквите движења може да се видат кај тинејџерите, бидејќи ова е таа ранлива возраст кога се обликува личноста на поединецот. Фестивали и награди ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА 2025 за најдобар филм на фестивалот, Интернационален филмски фестивал Карлови вари 2024 (Специјална награда на Екуменското жири), Азиско-Пацифички филмски фестивал 2024 (Најдобар нов актер), Медитерански филмски фестивал Монпеље 2024 (Најдобар филм

Македонски




