
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел, изјави дека по зголемените тензии во трансатлантските односи оваа недела, сега може да се каже дека засега надвладеале ладните глави.
Можеме со сигурност да кажеме дека не отстапивме за ништо во врска со Данска, суверенитетот на Гренланд и територијалниот интегритет. Целосно стоиме зад нив и нивната независност. Тие не се на продажба. И мислам дека таа порака беше многу јасна оваа недела и среќни сме што гледаме дека деескалацијата засега е на маса“, рече Мецола.
Таа додаде сега може да продолжат дискусиите во рамките на Унијата за трговскиот договор со САД, кои беа запрени поради заканата од Вашингтон од нови царини и најави контакти со американскиот Конгрес за постигнување напредок во дијалогот и изградба на мостови за соработка.
Ако нешто научивме оваа година и оваа недела е дека мора да бидеме автономни и силни. Но, во исто време ни треба стабилност и ни треба фер партнерство со САД, што е во интерес на сите“, рече Мецола.

Македонски




