Skip to main content

Вавринка е јунак на денот на Австралија опен: И на 40 години победува на Гренд слем

Facebook / Stan Wawrinka

Шампионот на Австралија опен од 2014 година, Стен Вавринка од Швајцарија е најпријатното изненадување во второто коло на овој Гренд слем турнир. 40-годишниот Швајцарец покажа дека уште игра на високо ниво, иако на турнирот настапува со вајлд карта.

Трикратниот Гренд слем шампион по 4,5 часа игра со неколку пресврти го совлада Французинот Артур Геа со 3:2 во сетови, иако противникот водеше со 2:1 во сетови. Во решавачкиот сет Вавринка го доби тајбрејкот со 10:3 на поени.

Добро се забавував, не сум веќе млад и потребна ми беше таа енергија, изјави Вавринка

Во шега по мечот Вавринка изјави дека смета дека едно пиво ќе му биде добредојдено. Во следното коло (трето) Швајцарецот ќе игра против Американецот Тејлор Фриц.