Skip to main content

Рижото со зеленчук – чувар на вашата линија

Ќе ви требаат:

500 г телешко
250 г ориз
2 црвени кромиди
2 моркови
2 чешниња лук
2 домати
2 пиперки
1 модар патлиџан
5 кисели краставички
маслиново масло
мелен пипер
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Измијте, излупете и исечкајте го зеленчукот на големи и мали парчиња, во зависност од видот на зеленчукот. Кратко пропржете го телешкото во маслиново масло, потоа додадете ги зачините. Додадете го сечканиот зеленчук (освен киселите краставички) и пропржете го заедно со месото. Додадете го оризот, па прелијте со вода. Гответе додека оризот не омекне. Кога рижото ќе биде готово, додадете ги сечканите кисели краставички и добро измешајте сè. Сервирајте топло.

Поврзани вести