
Филозофското друштво на Македонија од 19 часот во Културно-информативниот центар – Скопје ќе го промовира 37-миот број на списанието „Филозофска трибина“, кој содржи десет текстови од темата на бројот: „300 години Кант“.
Автори на текстовите се акад. Ферид Мухиќ, проф. д-р во пензија Мирко Ѓошевски, акад. Иван Џепароски, американскиот филозоф Стивен Фридман, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Марија Тодороска, проф. д-р Сенка Анастасова, д-р Самуел Колономос Садикарио и д-р Игор Поп Трајков.
Текстовите беа презентирани на истоимениот симпозиум во рамките на Светскиот ден на филозофијата, одржан на 21 и 22 ноември 2024 година. Во списанието има и три авторски текстови – од проф. д-р Марија Тодоровска, доц. д-р Ведран Диздаревиќ и од проф. д-р Славица Србиновска, еден приказ на промоција од м-р Александар Богатинов и два прилога во рубриката „Филозофски живот“, соопшти Филозофското друштво на Македонија.
Новиот број од списанието „Филозофска трибина“ ќе го промовира проф. д-р Ана Димишковска. Достапен е и електронски на веб-страницата на Филозофското друштво на Македонија https://fdm.mk/filozofska-tribina-37/ .

Македонски




