Skip to main content

Македонските граѓани кои се во Иран да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни, апелира МНР

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.

Како што информираат од Министеството, веќе се ставени на располагање негови капацитети за асистенција на државјаните на Република Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected] , како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.

Поврзани вести