Skip to main content

Крушево се натпреварува за престижната „People’s Choice Award“ : Градот е меѓу 100-те најдобри приказни во светот во областа на одржлив туризам

Крушево е меѓу 100-те најдобри приказни во светот во областа на одржлив туризам и овој пат се натпреварува за престижната People’s Choice Award – награда од публиката.
Ова признание е доказ за нашата традиција, природна убавина и заедничка посветеност кон одржлив развој, велат од општина Крушево

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, објави дека Крушево е меѓу најдобрите 100 приказни во светот, во областа на одржливиот туризам и дека овој пат се натпреварува за престижната „People’s Choice Award“, награда од публиката.

Ова признание е доказ за нашата традиција, природната убавина и за заедничката посветеност кон одржливиот развој – истакна Чонески.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за Крушево на линкот: https://gdcommunity.typeform.com/Top100PCA2025?typeform-source=com.google.android.gm и, како што вели, заедно да покажеме дека градот заслужува светско внимание.

Да го поддржиме Крушево, гордо, обединето и со срце – заклучи Чонески.

Поврзани вести