
Сладете се во овие есенски плодови пребогати со хранливи материи, на лесен и едноставен начин. Убави се варените костени, но повеќето ги сакаат печени. Тогаш го ослободуваат од себе оној карактеристичен за нив, привлечен мирис кој потсетува на убавата есен.
Потребни состојки: 500 г костени, 1 литар зовриена вода и 1 лажичка сол. Постапка: костените со остар нож засечете ги на едната страна. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да зоврие. Додајте 1 лажичка сол и промешајте.
Ставете ги костените во зовриената вода да се варат 5 минути. Потоа извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на цедалка. Откако ќе се исцедат костените префрлете ги во плех и ставете ги во загреана рерна на 250 степени да се печат 20 минути.
Печените костени ставете ги во чинија, прекријте ги со крпа и оставете ги околу 5 минути. Ова ќе го олесне лупењето. Оставете ги малку да подизладат, па излупете ги. Ќе видите колку лесно се лупат – во еден потег. Сладете се во нивниот вкус, а еве зошто три костени носат среќа:
Од останатите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има најнизок процент на масти, а повеќе скроб. Тој е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц.
Благодарение на обилството диетални влакна, тој претставува природен лаксатив, а бидејќи е богат и со калиум, а сиромашен со натриум, им се препорачува во диеталната исхрана на па-циенти со бубрежни и кардиоваскуларни заболувања.
Кај народот постои верување дека плодовите од костенот ги бр-каат уро-ците, па и ден денешен некои луѓе си чуваат во торбите по три костени за среќа, сила, здравје и благосостојба на домот.

Македонски




