Skip to main content

Ведро и студено време на првиот ден од новата година

Времето на првиот ден од новата година ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

Поврзани вести