Skip to main content

Во Бихачка продакшн се опседнати со Србија и Вучиќ

Добредојдовте во последната „ 5 минути со Чавез“. Неее далеку било, за оваа година, за жал на СДСМ естрадна која во мене виде непријател за сите глупирања при крајот на годината кога беа пуштени на најако. Ороводци беа Још Шмрчовски и Богданка независната кои агитираат кај ликови што ме знаат, се јавуваат по луѓе да правеле муабет со мене. За што бе? прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Може сакаат во живо да ми ги кажат пораките што ги пишуваат против мене.

Говедо едно. Колку те плаќа ВМРО. Кажи нешто за Мицкоски ако смееш. Не си ти Чавез другарче, ти си Мадуро. Џвакај џвајкај вмроврец. Tебе поп да ти пее, судбина бе брат, не е овој ни прв ни последен. Ти ли ќе го збориш против УЧК морее. Не ни ја чепкај Цеца, вие и го подметнавте бугарското знаме вмровци едни.

Ви благодарам за сите негативни коментари, ова значи дека многу ве здоболело тоа што го кажувам и оти ја говорам вистината. Големиот Горан Бреговиќ не за џабе има изјавено, зборувајте за мене, па макар и лошо. Само ставете поголема слика.

Но, главни ликови оваа година не беа само овие од СДСМ продакшн, тука беа и нивните колеги, Цеца Ражнатовиќ, Аца Лукас и Спасен Сиљановски.

Еве во бихачка рекордс се опседнати со Србија и т,н српски свет. Ноќна мора им е Белград и Вучиќ. Сонуваат за нова шарена револуција бидејќи тие само со некакви револуции може да дојдат на власт. Иначе кој нормален би ги гласал. Наместо да си гледаат во својот двор што никој со интегритет не сака да влезе во органите на партијата тие се занимаваат со Александар Вучиќ. И сево ова за да им се додворат на оние од Брисел. Изгорени се да ги пофалат во ЕУ. Нив Македонија не ги интересира. Еве Филипче е решен да го тргне секого што му стои на патот и кој не се согласува со него. Сега на ред дојде и Јован Деспотовски, кој му беше противкандидат на Филипче. Јован вели дека веќе не го препознава СДСМ. Па не можеш бе брат да го препознаеш, ова не е СДСМ туку задграничен комтиет Дубаи. Во Дубаи сега е сезона на градба, Еве и Венко замина кај другар му Зоки да му помогне. Да не мислевте дека ќе седи во Македонија за Нова Година како некој некој сиромашен.

Facebook / Александар Вучић

Кумот на Аркан Томо Аврамски, тврди дека Заев гради 42 катница во Дубаи, а оти ги ги видел и становите на Зоки и Венко. Кога Зоки ќе ја заврши зградата ќе можат да го викнат Харис Џиновиќ да им пее кај нив дома, без да се плашат дека некој ќе ги објави на Фејсбук.

И тебеее сам сит кафаноооо песна

По паметот на СДСМ беше тргнат и Аца Лукас

Овој колега на Јон по усисувањето, кај што пеел во клуб со капацитет три пати над дозволеното , кај немал работна дозвола за пеење во Македонија, исто како СДСМ виновни му беа Мицкоски и ВМРО. Друже, иди смени си ја личната карта, и ти како твојата затворска пријателка Светлана од Житораѓа завршивте со пеењето во Македонија, џабе ти е нагрнувањето со македонското знаме. Македоннците веќе не паѓаат на тие евтини финти.

За да не бидат само Цеца, Аца Лукас и СДСМ главни ликови оваа година се погрижи и Спасен Сиљановски. Овој кичевчанец многу се налути што градоначалници викале на забави и манифестации Срби и Хрвати а не викале Македонци. Друже Спасен, музиката не е хумантиарна организација туку шоу бизнис. А како викаат, но бизнис лајк шоу бизнис. Тие Македонци што треба да пеат и што ги сака публиката пеат. А и ти можеш да си пееш…..

Ова беше се за оваа година. Петте минути со Чавез се враќаат по Божик. Господ да и е на помош на Македонија да ги издржи сите овие пациенти.

Поврзани вести