Skip to main content

Лавров: Русија е против независноста на Тајван во која било форма

Министерство иностранных дел Российской Федерации
Министерство иностранных дел Российской Федерации

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина.

Во интервју за руската државна агенција, Лавров, исто така, ја повика Јапонија „внимателно да размисли“ за она што го опиша како пат кон милитаризација.

Лавров во интервјуто вели дека европските воени сили, доколку бидат распореден во Украина, ќе станат легитимна цел на руските вооружени сили.

Европските политичари не ги жалат не само Украинците, туку ни сопственото население. Тоа го докажуваат актуелните разговори во Европа за испраќање воени контингенти во Украина. Веќе сто пати рековме дека во таков случај тие би станале легитимна цел на нашите вооружени сили“, потсети Лавров.

Лидерите на водечките европски земји кон средината на декември објавија дека безбедносните гаранции за Киев мора да вклучуваат создавање „мултинационални сили за Украина“ предводени од европските сили.

Поврзани вести