Skip to main content

Едногодишна затворска казна за возач кој нападнал полицаец во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 46-годишен маж поради кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, согласно член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството предложи и определување мерка притвор за обвинетиот во текот на постапката.

Инцидентот се случил на 21 декември, по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи патничко возило „Фолксваген“, не застанал на даден знак од полициски службеници. По кратко следење, на една од крстосниците во Кавадарци, возилото било опколено од две полициски коли со цел да биде запрено.

Според обвинението, во моментот кога полициски службеник излегол од службеното возило за да изврши легитимирање, осомничениот со голема брзина се залетал кон него, удирајќи го во пределот на стомакот и левата нога. По ударот, возачот удрил и во полициското возило и продолжил да се движи, додека полицаецот се здобил со повеќе телесни повреди.

Обвинетиот бил лишен од слобода на 25 декември, а веќе наредниот ден бил изведен пред надлежен суд, каде го признал кривичното дело.

Основниот суд во Кавадарци донесе пресуда со која обвинетиот е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од една година. Судот истовремено одлучи, до правосилноста на пресудата, обвинетиот да остане во притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Поврзани вести