Skip to main content

Во светот на уметноста, секој од нас има улога – било да создаваме, било да ја поддржуваме, вели министерот Зоран Љутков во новогодишната честитка

Во светот на уметноста, секој од нас има улога – било да создаваме, било да ја поддржуваме, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков во новогодишната честитка испратена до граѓаните.

Како што се приближуваме до крајот на оваа година, сакам да ви се обратам со срце полно со надеж и оптимизам. Нека 2025 година биде исполнета со нови инспиративни моменти и креативни изрази кои ќе нè обединат и ќе ја зајакнат нашата заедница.

Во светот на уметноста, секој од нас има улога – било да создаваме, било да ја поддржуваме. Нека во вас се разбуди љубовта кон културата, а нашите заеднички напори да донесат светлина и радост во нашето општество.

Ве повикувам да уживате во програмата на нашите институции и да ја споделите вашата љубов кон уметноста заедно со семејството и пријателите.

Среќна Нова година! Нека биде година на успех, раст и културна преродба!

Поврзани вести