
Со свечен концерт на Камерниот оркестар „Ајга“ и настапот на Ана и Игор Дурловски синоќа во Народниот театар-Гевгелија официјално беше затворена манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
На свеченото затворање на манифестацијата „Гевгелија – Град на културата 2025“, ја заокруживме годината исполнета со културни настани, уметнички изрази и силна креативна енергија, во која Гевгелија беше активна сцена и вистински домаќин на културата. Честитки до градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и до сите институции, уметници и граѓани кои ја направија оваа година незаборавна. Како што спектакуларно започна со концертот на Националниот џез оркестар, така и достојно се затвора, со концерт на Камерниот оркестар „Ајга“, заедно со маестралните Ана и Игор Дурловски. Гевгелија и понатаму зрачи со култура, со гостопримливост и со дух што ја прави гордост на Македонија, објави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Македонски






